Курти: Шпанија треба да го признае Косово, не е ист случај како со Каталонија

 

Косовскиот премиер Албин Курти за весникот „Ел Паис“ изјави дека Шпанија треба да ја признае независноста на Косово, бидејќи случаите на Каталонија и Баскија не се исти како случајот со Косово, пренесе РТК2.

Според Курти, Шпанија треба да се согласи и да го признае Косово.

„Знам дека има поплаки, но како што рече нашиот голем писател Исмаил Кадаре, Шпанија никогаш не треба да се споредува со Србија, бидејќи Србија изврши геноцид на Косово. Верувам дека со признавањето на Косово, Шпанија ќе покаже дека Каталонија и Баскија се различни случаи“, рече Курти.

Тој изјави дека Русија со сите сили се обидува да ја зголеми нестабилноста на границите на Европската унија.

19.08.2022 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега