Курти откри нови детали за случајот со силувањето на 11-годишното девојче, фрчат оставки во Приштина

Косовскиот премиер Аљбин Курти откри нови детали во врска со случајот на групно силување на 11-годишно девојче во парк во Приштина, кој ја згрози јавноста.

Курти преку Фејсбук потврди дека за случајот се уапсени петмина осомничени и наведе дека еден од нив бил излезен од затвор, каде издржува казна за повеќе претходно сторени кривични дела.

Токму затоа, како што вели Курти, оставка поднел директорот на Управата за третман на затвореници и малолетници. Потсетувајќи дека и генералниот директор на косовската полиција поднесе оставка, исто така од морални причини, Курти сега вели дека „две оставки не се доволни“.

Тој денеска откри дека поради овој случај од должност се разрешени директорот на регионалната полиција во Приштина и директорот за операции во регионалната дирекција на Приштина. Заедно со прашањето каде е моралот на судиите и обвинителите, Курти нагласува дека токму нивните слаби обвиненија овозможуваат сторителите често да останат неказнети.

„Судовите не судат случаи на силување во согласност со постоечките закони, кои предвидуваат минимална казна од 10 години за сексуално насилство врз лице помладо од 14 години“, напиша Курти на Фејсбук.

Неказнувањето на сторителите, но и на оние што одлучуваат, косовскиот премиер го оцени како неприфатливо.

 

02.09.2022 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега