Курти: Имаме јасна визија, а тоа е членство во НАТО

Косовскиот премиер Албин Курти кажа во Брисел дека Косово сака членство во НАТО.

„Имаме јасна визија. Сакаме членство во НАТО. Тоа би ни овозможило мир и стабилност. Членството во програмата на НАТО Партнерство за мир би било голем чекор за нас“, кажа Курти.

Курти, исто така, ја бранеше одлуката со која се бара српските жители на Косово да ги сменат регистарските таблички на возилата и кажа дека тоа е во согласност со Уставот и законите.

17.08.2022 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа