Курти им порача на Србите: Повлечете се - Вучиќ сака ескалација

Премиерот на Косово Аљбин Курти ги повика градоначалниците на северот на Косово да ги отстранат возилата кои ги блокираат патиштата.

Тој ги повика Србите и да се повлечат од патиштата и да овозможат слободно движење, пренесува порталот Репортери.

Курти на седница на владата повторно оцени дека одлуката за реципроцитет на регистарските таблички е фер и неопходна за Приштина. Тој, исто така, кажа дека преземените мерки важат за сите, без дискриминација и привилегии за кого било. Курти го обвини претседателот на Србија Александар Вучиќ дека е единствениот кој има корист од инциденти.

Косовскиот премиер кажа дека Приштина е за дијалог и предложи и Белград и Приштина да ги укинат привремените таблички и така да им дозволат на граѓаните послободно да се движат.

„Одлуката за регистарските таблички е фер и го гарантира правото на слободно движење, вклучувајќи и на граѓаните на Србија. Пречки се создаваат со некои камиони на општините, што е злоупотреба на јавниот имот. Ги повикувам организираната група српски граѓани, бидејќи се блокираат и себеси и движењето. Ни граѓаните ни нашата држава не ги интересираат ни инциденти ни ескалации, не ги интересираат ни косовските Срби ни Србија. Изгледа дека само еден поединец, претседателот на Србија е заинтересиран за тоа. Ние сме за дијалог“, кажа тој, а пренесува Коха диторе.

22.09.2021 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега