Курти бара повеќе војници од НАТО: Опколени сме со 48 српски бази

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека, како резултат на честите воени маневри на војската на Србија, заедно со онаа на Русија, потребно е зголемување на бројот на силите на НАТО во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина

Во интервју за германскиот весник „Дие Велт“, што денеска го пренесуваат косовските медиуми, Курти вели дека околу Косово има 48 српски бази, така што поголемото присуство на НАТО во земјата ќе ја зголеми нејзината безбедност.

Косовскиот премиер напоменува дека неговата влада го зголемила буџетот за одбрана за 52 отсто и Безбедносните сили на Косово (ФСК) сега бројат 5000 војници и 3000 резервисти.

Меѓутоа, вели Курти, „поради заканите од Србија и Русија, итно е потребно значително зголемување на бројот на војници на НАТО во Косово“, со што „видно би се подобрила безбедноста“ на земјата.

„Околу Косово има 48 српски воени бази. Русија и Србија тесно соработуваат меѓу себе во воената политика, тие заедно изведоа 104 маневри и активности во 2021 година – некои од вооружените сили на Белорусија исто така учествуваа… Исто така, би ни помогнало доколку повеќе германски војници би биле вклучени во одбранбените сили на НАТО. Покрај тоа, трупите на КФОР можат да ни помогнат да ја развиеме уште повеќе нашата одбранбена структура и вештини“, изјави Курти за „Дие Велт“.

 

26.08.2022 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега