Курти: Албанскиот народ знае дека обединувањето е неопходно

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска присуствуваше на промоција на заеднички буквар за првооделенците во Косово и во Албанија.

Курти за медиумите кажа дека албанскиот народ знае дека „обединувањето (на двете држави) е неопходно“.

Нашиот народ знае дека обединувањето е неопходно за севкупното добро на нацијата, за неговото чекорење напред. Како и во разни историски периоди,  ние сме тие кои сега треба да го продолжиме заживувањето на политичката идеја… со заеднички едукативни и образовни активности“, вели Курти.

01.09.2022 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега