Курц: Имаме пандемија на невакцинирани

Во дневникот „Kronen cajtung, австрискиот канцелар, Себастијан Курц истана дека имаме пандемија на невакцинирани, додека пандемијата за вакцинираните завршила. Тој додаде дека вакцинираните лица може да живеат нормално, додека невакцинираните ги опиша како небезбедни и наведе повеќе работи кои задолжително мора да ги извршат, како постојано тестирање, специјални маски и слично.

„Токму поради невакцинираните и понатаму ни се поотребни минимум мерки. Подраго ми е да имаме сè отворено за 70 проценти од населението, отколку сè да затвориме“, објасни Курц.

 

Австрискиот канцелар критика и упати на Партијата за слобода на Австрија, поради ширење страв и водење кампања против вакцинацијата.

„Не сум среќен поради тоа, бидејќи во најлош случај се работи за живот и смрт. Би сакал посериозен пристап од таа партија“, додаде Курц.

16.09.2021 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега