Куманово: Се надминале техничките проблеми со апаратите за отпечаток на прст
– Сега засега гласањето се одвива тековно, имаме поситни техники проблеми, но тие веднаш се решаваат, изјави Димковиќ
Гласањето се спроведува тековно и во општина Липково.
– Сѐ е тековно, полека се надминаа техничките проблеми со апаратите за отпечаток на прст- информираше претседателката на ОИК, Ајше Демири .
Во Липково право на глас имаат 26 042 избирачи кои гласаат на 36 места. Според ДИК, излезноста во оваа општина до 15 часот е 19,99 проценти.
Во Старо Нагоричане право на глас имаат 3 262 гласачи кои правото на глас го остваруваат на 38 места.
– Тековно си оди гласањето, рече членот на ОИК Старо Нагоричане, Мирослав Славковски. Според ДИК, излезноста во оваа рурална општина до 15 часот е 39,17 проценти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа