Куманово: Му се заканил со пиштол па го удрил со автомобил зошто му го попречил патот

40-годишниот Б.Б. од Куманово на улицата  „Гоце Делчев“, пред автобуска постојка со такси возило му го попречил патот на 30-годишниот В.Б. исто така од Куманово кој се движел со возило марка „голф“.

Кумановчаните започнале вербална расправија по што пријавениот со пиштол му се заканил на В.Б., па влегол во возилото, го стартувал и со предниот дел удрил во В.Б., нанесувајќи му телесна повреда на нога.