Кумановец тешко повреден во сообраќајка- со тешки повреди пренесен на Клиника

 

Мотоциклист со тешки повреди бил пренесен на Клиника откако се судрил со автомобил на патот Тетово- Скопје.

„На 12.07.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на автопатот Тетово - Скопје, после наплатната станица Желино, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од Т.К.(51) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од П.П.(24) од Скопје.

Во незгодата, со повреди се здобил мотоциклистот, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош“ соопштуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега