Вчера во 15:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(37) од с.Клечовце, кумановско.

Претходно, тој на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, со патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(33) од Скопје, со живеалиште во с.Љубодраг, кумановско, информираа од полицијата. 

По преземени мерки е констатирано дека Д.М. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,08 промили алкохол во крвта. 

Exit mobile version