Вчера во 20:00 часот во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријави дека бил измамен за сума од 43.750 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
- (ФОТО) Магија над Скопје: Прекрасно зајдисонце им ја разубави вечерта на граѓаните
- Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик
- Вучиќ: Се молам за Дачиќ
- Чудо во Русија: Бебе паднало од 10-ти спрат и преживеа
- Титан Усје: Работиме целосно во согласност со сите важечки закони
- Филков: Седницата за изборните реформи е одложена, се бара превод на материјалите
- Муцунски во Брисел: Побаравме решенија за македонските возачи и транспортниот сектор при имплементацијата на новите ЕУ системи
- Се огласи докторот кој го лекува Дачиќ: Засега е стабилен


