Кумановец изгубил контрола над товарното возило, па скокнал и се повредил

Вчера во 14.40 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека во Итната медицинска помош со повреди бил донесен Г.Л.(43) од Куманово.

Според пријавеното, на патот во изградба с.Т’лминци - с.Градец, кај место викано „Крстата падина’’, Г.Л. изгубил контрола над товарното моторно возило „ман“, со скопски регистарски ознаки, при што скокнал од возилото и се здобил со тешки телесни повреди.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега