Кулеба: Украина ќе продолжи со ослободување на нашата земја и народ

Украина соопшти дека ќе продолжи војската да се бори против Русија на истокот на државата, откако Москва анектираше четири украински региони.

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба на социјалните мрежи кажа дека војската ќе продолжи со ослободување на териториите.

„Со обидот за анексија на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, Путин се обидува да приграби територии што не ги контролира на терен. Ништо не се менува за Украина: продолжуваме со ослободување на нашата земја и нашиот народ, со враќање на нашиот територијален интегритет“, објави Кулеба.

30.09.2022 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега