Кулеба: Ќе лобираме за членство во ЕУ, но и за нови санкции кон Русија

Украинскиот мнистер за надворешни работи, Дмитро Кулеба го пофали одговорот на Германија на војната во Русија.

Во интервју за германската телевизија АРД, Кулеба рече дека се случиле позитивни промени по одлуката на Германија да ѝ испорача тешко оружје на Украина и го поддржа предложеното ембарго на ЕУ за руската нафта по притисокот од сојузниците.

За време на посетата на министерот за надворешни работи на Украина, која вклучува и негово учество на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 на балтичкиот брег на Германија, Кулеба рече дека планира да лобира за членство на Украина во ЕУ, како и да воведе нови санкции кон Русија, пренесува „Ројтерс“.

12.05.2022 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа