Кулеба до НАТО: Побрзо доставете оружје во Украина

– Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба денеска во Букурешт апелираше до членките на НАТО побрзо да достават оружје и друга помош за неговата земја. За време на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Кулеба рече дека претходниот пат, кога апелирал до Алијансата, рекол „оружје, оружје, оружје“, а дека денеска во Букурешт дошол со порака „побрзо, побрзо, побрзо“. „Ние сме благодарни за сè што е направено досега, но мора да продолжиме да се бориме. Докажавме дека можеме да ја победиме Русија, но одлуките за оружјето, за новите линии на производство на оружје и за неговата испорака мора да се носат побрзо, рече Кулеба на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО.

Кулеба, исто така, укажа на значењето на другите форми на западна помош, првенствено агрегати, бидејќи Украина има големи проблеми со снабдувањето со електрична енергија по руските напади врз цивилната инфраструктура. Столтенберг рече дека сојузниците се согласиле дека е неопходно да се зголеми поддршката за Украина и повтори дека ќе бидат со таа земја се додека тоа е потребно.

29.11.2022 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега