Куќа и два помошни објекти настрадаа во пожар во радовишко село

 

Куќа и два помошни објекти настрадаа во пожар предизвикан од плинска боца во селото Парналија, радовишко.

-Завчера во Полициска станица Радовиш било пријавено дека во куќа во с.Парналија,радовишко сопственост на А.А. од с.Парналија настанал пожар од плинска боца , кој се проширил низ целиот помошен објект, куќата и помошен објект во соседниот двор сопственост на С.Џ. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Радовиш, велат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2020 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега