Крвните групи и коронавирусот, една е најотпорна

Според новата студија од Данска, луѓето со нулта крвна група имаат помал ризик од заразување со ковид 19. Тие исто така имаат намален ризик од сериозни компликации како што се откажување на органите – па дури и смрт.

Данските истражувачи користеле податоци од 473.000 лица тестирани на ковид 19, кои ги споредиле со податоците од контролната група од над 2,2 милиони луѓе од општата популација.

Резултатите од друга студија исто така сугерираат дека луѓето со крвни групи А и АБ, кои заедно сочинуваат нешто помалку од 45 проценти од популацијата во Велика Британија и САД, имаат поголем ризик од тешки симптоми и компликации од коронавирусна инфекција – како што е потребата за респиратор – отколку оние со тип О или Б.

Наодите се базираат на растечко истражување кое открива поврзаност помеѓу крвната група и ризикот од коронавирус, како и очигледниот заштитен ефект на крвната група О. Приближно половина од луѓето во Велика Британија и САД имаат крв од типот О.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2020 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега