Крвава пресметка во Тетово: Познаници се пресметувале со употреба на нож- едно момче повредено

Дваесет и едногодишен жител на Тетово заврши во болница со убод во левата надлактица, а тројца млади од селото Порој самите се пријавиле во полициска станица по вчерашната физичка пресметка и употреба на нож пред угостителски објект на улицата „Јане Сандански“ околу 22 часот.

– Дваесет и едногодишниот Ј.Ј. од Тетово пријавил дека во локалот бил со другар С.М. (19 години). На излегување физички бил нападнат од три лица од Порој со кои се знаел од претходно М.А. (20) Ф.К. (19) и К.Н. (19). Потоа М.А .со нож го нападнал 21- годишникот и му нанел убодна рана во лева надлактица, изјави Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Повредениот успеал да избега од местото и да се упати во Клиничката болница за да побара лекарска помош. Оттаму случајот го пријавил во полиција.

– Тројцата пријавени час и половина по случката самите се пријавиле во полициската станица каде се задржани за понатамошна постапка, рече Јосифовски.

По пријавувањето е направен и увид од страна на Обвинителството и се работи на расчитување на случајот и утврдување на деталите

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2019 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега