Крвава пресметка во центарот на Белград - полицијата затекнала двајца мажи избодени со нож

Во трговскиот центар „Стакленац“ во центарот на Белград двајца мажи биле повредени со ладно оружје.

До ранување дошло во околу 5 часот и 20 минути, а повредените мажи имаат по 35 години.

Еден од нив се здобил со полесни, а друг со поштеки повреди.

„Тешко повредениот маж има политрауми - убодни рани во надколеницата и повреди на двете дланки“, наведуваат од Брзата помош.

Тешко повредениот маж бил однесен во Ургентниот центар во свесна состојба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега