Крвава драма во ресторан: Кумановец расечен со нож по лицето

 

 

 

Вчера во 19:05 часот во Полициската станица Куманово, 45-годишниот С.С. од Куманово пријавил дека Р.Н. со нож го нападнал и исекол на лицето и левата рака.

С.С. со Д.Н. седел во ресторан на улица „Бранко Богдански Гуцман“, а околу 15:00 часот дошле Р.Н. и Л.Н. и седнале до нив. По кратко време Р.Н. и Л.Н. си заминале, а кога С.С. тргнал да си оди, му се доближил Р.Н. кој со нож замавнал кон него и го исекол во пределот на лицето и левата надлактица, по што побегнал. После тоа, С.С. отишол во болницата во Куманово, каде му била укажаа помош и бил пуштен на домашно лекување.

Полицијата мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

16.09.2018 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега