Крвава драма во Ново Лисиче - со нож убиен малолетник

Седумнаесет годишниот Х.Н. починал од убодна рана која му ја задал познаникот, 18-годишниот Т.А. во Паркот на музиката во Ново Лисиче, дознава „Слободен печат“.

Немилиот настан се случил ноќеска, 35 минути после полноќ. На инцидентот му претходела расправија меѓу неколку момчиња со 18-годишниот К.А. кој бил во друштво Д.К. (17). Во еден момент Т.А. извадил нож и му нанел неколку повреди на Х.Н.

Момчето било живо додека пристигнала екипата на Итна помош и било пренесено во клиничкиот центар, но поради обилното крвавење починало.

Напаѓачот бил фатен од граѓани и другари на ранетиот, па ѝ бил предаден на полициска патрола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега