Крвава драма на познатото летувалиште - глисер искасапил Србин, сите мислеле дека го нападнала ајкула, насекаде имало крв

Драма се одиграла во популарното летувалиште Хургада на 13. септември, а тешко повредениот Милош од морничава смрт го спасила неговата сопруа. Очевидци на несреќата за Курир.рс ги раскажале немилите сцени, кои како што велат, засекогаш ќе им останат врежани во сеќавање.

-Колку што можев да видам, момчето пливаше и нуркаше далеку од крајбрежјето. Беше во морето, оддалечен од копното, а потоа жената од крајбрежјето скокна и влета во морето. Се чинеше дека за минута доплива до глисерот - вели за Курир.рс туристка од Србија, која била во истиот хотел со брачниот пар од Крагуевац.

Таа додала дека вистинска среќа било што сопруата на Милош на време видела што се случило, бидејќи брзо реагирала, инаку којзнае како би се завршило се.

-Глисерот буквално премина преку момчето и го искасапи, бидејќи дел од моторот го потфати. Околу него се создаде голема крвава дамка, обилно крвареше и беше тешко повреден - вели туристката и додава:

-Гледајќи крв, туристите помислија дека го нападнала ајкула. Поради тоа никој не смееше да лезе во вода. Настана паника. Меѓутоа неговата сопруа беше најхрабра и успеа да го извлече од водата на копно. Кога веќе пријде на плажата, луѓето почнаа да помагаат. Кога го извлекоа беше во бесознание. Многу сме исплашени. Изгледаше многу страшно.

Итната помош брзо стигнала на местото на несреќата и го пренела повредениот во болница.

-Лекувањето чинеше 15.000 евра. Нашите луѓе кои живеат таму и работат во туристички агенции се потрудија да ја спуштат цената за човекот да биде отпуштен од болница. На крајот сметката беше 11.000 евра. Сите собиравме пари, кој колку имаше. Сметката е платена, а најважно од се е што момчето е живо - рекла соговорничката за Курир.рс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега