Крвава брачна кавга во Виена: Маж брутално ја избодел сопругата, петте деца гледале се

Во јавноста се појавија нови детали од морничавата семејна трагедија која се одиграла во седата вечерта во 10. виенска општина Фаворитен.

Имено сопругот после кавга на смрт ја избодел својата сопруа, инаку мајка на пет деца. Таа пред само три недели се породила со последното дете.

Како што објавија српските медиуми, сопругот ја злоставувал и тепал несреќната жена, а кавгите избивале поради финансиски проблеми. Семејството оваа година се преселило од Корушка во Виена.

Три сина и две ќерки биле во станот и гледале како таткото, 62-годишниот Нор со кујнски нож ја прободува 50-годишната Рахима Р. Жената починала на лице место. Постарото девојче истрчало цело крваво до сосетката и молело за помош. Удирало по вратата и молело:

„Помогнете ми, мојата мајка е повредена, се е полно со крв“, велеле девојчето. Најстариот, 17-годишен син во меѓувреме успеал да повика полиција.

Полицијата, најмалото девојче Елах, старо само три недели, после убиството на мајката го сметила на одделението за мајка и дете, а двата најстари синови (17 и 14) биле донесени во младински центар, додека двете ќерки на возраст од 12 години и синот од 3 години биле местени во детски центар.

Сега се бараар роднините на ова авганистанско смеејство за да може да добијат старателство.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега