Крвав напад во Виена: Тинејџер 30 пати ја избодел поранешната девојка – чекал да се врати од училиште

Во Виена уапсен е малолетник поради сомнеж дека со нож ја избодел својата поранешна девојка (16).

Австриецот (16) со турско потекло ја следел девојката која се враќала од училиште. Кога девојката го отклучила својот стан ја нападнал со нож и ја избодел 30 пати.

Девојката успеала да побегне и да побара помош. Итно е префрлена во болница каде лекарите се борат за нејзиниот живот, а тинејџерот е уапсен веднаш по нападот.

Тој негирал дека го сторил злочинот. Против осомничениот жртвата и претходно поднесувала пријави поради насилство. Двајцата тинејџери биле во врска нешто повеќе од една година, а наводно се разделиле пред некоклку месеци.

Оттогаш тинејџерот ја следел девојката, а неколку пати и физички ја нападнал.  Таа наводно му раскинала поради насилничкото однесување на напаѓачот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа