Крвав инцидент во скопски локал, едно лице заврши во болница

Денеска околу 11.45 часот во полиција била пријавена тепачка во скопски локал.

„Во угостителски објект на ул.„Лондонска“ во Скопје настанала физичка пресметка помеѓу три лица, од една страна, и Д.Ј.(30) од Скопје и уште едно лице, од друга страна. При пресметката бил употребен и остар предмет, од кој со повреди се здобил Д.Ј. и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош“, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

29.11.2022 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа