Крвав ден во Хрватска: Убиени четири лица во два посебни случаи- полицијата испитува дали се поврзани

 

Еден маж е убиен со автоматска пушка во Водице кај Шибеник, а се тврди дека станува збор за познат бизнисмен. Според локалните медиуми, пукањето се случило и во Разине, каде биле исто така во друг случај биле застрелани двајца мажи и една жена.

Иако полицијата сè уште не го потврди тоа, според неофицијални информации, четирите убиства се поврзани, пренесува Индекс.

Полицијата постави блокади на патиштата на повеќе локации.

Силни сили беа испратени на терен.

„Полицискиот оддел Шибеник-Книн во 12.56 часот добил пријава дека мртов маж бил пронајден во возило покрај патот во Водице.

Во 13 часот и 23 минути, полицијата добила втор извештај од Итната медицинска помош, каде пронашле три мртви лица, двајца мажи и една жена, во објект на јужниот автопат. Првичните информации покажуваат дека се работи за убиство. Истрагата е во тек на двете локации и во овој момент не може да се потврди дали случаите се поврзани.

 

„Веднаш штом дознаа, беа испратени дополнителни полициски сили на терен со цел да се најде напаѓачот“, извести полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2021 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега