Крв течеше од сите страни на автобусот - потресни сведоштва за траорната сообраќајка

Автобусот кој се преврте кај Ласкарци беше кренат со кран. Животот го загубија 14. лица. 

Остатоци од личните работи на патниците расфрлани наоколу, траги од крв, искршени стакла, уништена метална ограда надвисната покрај автопатот, беа неми сведоци на една од најголемите сообраќајни несреќи во Македонија, пишува Вечер. 

Мештаните велат било ужасно и никогаш да ен се повтори.

- “Да не се повтори никогаш. Беше ужасно. Автобусот беше превртен на кров, а однатре се слушаа пискотници. Крв течеше на сите страни. Во мојот автомобил ставив шестмина од повредените. Меѓу нив беше и возачот на автобусот кој беше во полусвесна состојба. Сите ги однесов во болницата. Кога пристигнав со повредените на дежурните лекари им кажав дека ситуацијата е алармантна и дека има многу повредени и загинати. Веднаш по ова лекарите ги известија надлежните служби и почнаа да се праќаат медицински екипи од сите здравствени установи кон Ласкарци “- треперејќи Зибери ја опишуваше морничавата ситуација за вечер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2019 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега