Кружниот тек во Кисела Вода се гради 4 години - Жителите се жалат и на смрдеа

4 години се гради кружниот тек во Кисела Вода. Нема никакви ознаки, знаци ниту пак тротоар и пешачки премин. Шахтите над коловозот сериозно пречат при минување со автомобил а приклучните улички на кружниот, не се довршени воопшто. Граѓаните се револтирани и стравуваат за својата безбедност, јавува Сител.

Граѓаните се жалат и дека се шири неподнослива миризба од канализацијата.

Од градот Скопје велат дека кружниот тек е пуштен во функција но без да биде целосно завршен бидејќи се уште не се решени имотно правни спорови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2019 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега