Кризниот штаб одлучи како ќе се одвива наставата во Србија- Часот ќе трае по 30 мин и ќе има по 15 деца во клас

Наставата во Србија во основните и средните училишта почнува на 1 септември. Ученици од прво до четврто одделение ќе имаат настава во училница и тоа во прва смена. Тие ќе можат да имаат предавања најмногу по четири часа на ден, а часовите ќе бидат скратени на 30 минути, одлучи денеска Кризниот штаб, јави телевизија РТС.

Максималниот број на ученици во училница ќе биде 15. Одделенијата со повозрасни ученици ќе комбинираат одење на училиште и онлајн настава.

Епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ за РТС изјави дека најмалите ученици во најголем дел ќе посетуваат настава во училилишна средина, затоа што било проценето, како што кажа,  дека тоа е најдобро за нив.

Таа додаде дека наставата ќе се одвива со почитување на сите мерки, за максимално да се намали можниот ризикот од ширење респираторни инфекции. Најмладите ученици треба да се навикнат да носат маски.

– Максимален број ученици во едно оделение ќе биде 15, а оддалеченоста меѓу клупите треба да е најмалку еден и пол метар –  објаснила д-р Кисиќ Тепвачевиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа