Кривичниот суд не дал наредба да му се одземе пасошот на Вранишковски

 

Кривичниот суд нема дадено наредба ниту донесено решение за одземање за патната исправа на Јован Вранишковски, но доставено е известување до битлската полиција дека ова лице е осудено на 1 година и 1 месец затворска казна, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1, објави Телма.

Оттаму велат дека МВР има право без наредба на судот времено да одземе патна исправа од осудено лице, а по оздржување на казната, лицето може да се обрати до судот за враќање на исправата.

Вранишковски обвини дека пасошот му е одземен безправно, биејќи тој вече ја одлежал затворската касна од 13 меесеци за кривичното дело за кое беше осуден - „перење пари“ во случајот „Расколник“ од 2012 година.

 

 

 

13.07.2018 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа