Кривична за скопјанец позитивен на корона: Не седел во самоизолација, си договарал услуги со оператор

Иако позитивен на вирусот Ковид-19, 44-годишен скопјанец не ја почитувал мерката за самоизолација, па се отишол во Охрид. Поради основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ тој заработи кривична пријава од СВР Охрид.

 

-Тој, на 13.03.2020 година, кога од Австрија пристигнал во Македонија, потпишал изјава за самоизолација, која ја прекршил на 20.03.2020 година, кога во Скопје се упатил во болничка установа со цел да изврши тест за коронавирус. По медицинскиот наод дека е позитивен тој, самоиницијативно, не почитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид, информираат од СВР Охрид.

Притоа, непречено се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23.03.2020 година, бил во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега