Кривична за инспектор во Битола – побарал и примил поткуп од сопственик на такси компанија

 

Криминалистичката полиција на СВР Битола до ОЈО Битола, денеска (10.06) ќе поднесе кривична пријава против В. П.(53) од Битола, вработен во општина Битола како инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај.

Имено пријавениот во периодот од 12 Април 2023 па се до денес, искористувајќи ја својата позиција и своето влијание како лице задолжено за контрола на превозниците во град Битола, во два наврати индиректно барајќи пари, од пријавителот 41-годишен маж од Битола, кој е управител и сопственик на правно лице за вршење дејност такси превоз, побарал и примил поткуп во два наврати и со тоа сторил кривично дело “Примање поткуп“.

Тој во текот на вчерашниот ден е лишен од слобода и изведен пред Јавен Обвинител.

10.06.2023 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега