Кривична против тетовец, го искористил инстаграм профилот на поранешната девојка и праќал пораки
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишниот С.Р. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“, извести МВР.
– Во јануари 2023 година, по барање на неговата поранешна девојка, пријавениот го деактивирал нејзиниот инстаграм профил. Во јули 2023 година таа забележала дека нејзиниот инстаграм профил е активен и има објавено нејзина слика и дека од наведениот профил пишувал пораки на службениот инстаграм профил кој го користат на нејзиното работно место, соопшти МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа