Кривична против Филипче и Дончев – скопска фирма обвинува дека спречувале зделка во здравството тешка 11 милиони евра

Министерот за здравство и директорот на Фондот за здравствено осигурување вчера заработија кривична пријава поради злоупотреба на нивната положба при продажбата на фирмата Диамед на странска компанија во зделка тешка над 11 милиони евра. Филипче и Ден Дончев изнесувале невистини на шведскиот инвеститор да се откаже од купувањето на македонската фирма која располага со центри за дијализа во земјата и со нивното влијание предизвикале и одложување на купопродажбата, тврдат од адвокатското друштво Давидовиќ Јанковиќ кои ја застапуваат подносителката на кривичната пшријава, пишува „Сител“.

-Мојот клиент смета дека е оштетен, поради водењето на кампања против продажбата од страна на директорот на ФЗОМ и министерот за здравство со цел истите да остварат корист а на неа штета. Докази има, разговорот меѓу Филипче и директорот на Диавериум. Како и да одлучи Обвинителството, ќе ги искористиме сите инстанци да вистината да се дознае, вели Звонко Давидовиќ адвокат.

Дали ги злоупотребиле функциите, одговори побаравме и од првите луѓе во министерстворто и Фондот за здравство. Ден Дончев во телефонски разговор за Сител само ни потврди дека ја подготвуваат обемната докуметнација за случајот и своите агрументи деновиве ќе ги соопштат на јавноста.

Поранешната сопственичка на Диамед која сега ги тужи Дончев  и Филипче, е една од осомниечните во предметот за кој Обвинителството скоро една година води истрага како биле додделувани концесиите за центрите на дијализа. Замрзнати и се сметките во Македонија и  Монако на кои легнале парите од купопродажбата на фирмата.

-4 пати дава исказ, неколку пати доставуваме документација во обвинителаството, две ревизорки куќи поминаа, незнам зошто не е завршена истрагата, вели Давидовиќ.

Од обвинителаството велат дека истрагата се уште трае и е проширена и на други инволвирани лица.

Предметот за кој покажувате интерес е во истражна постапка. По прибраните вербални и материјални докази, истрагата е проширена и за други инволвирани лица. По предметот активно се постапува, се сослушуваат лица за кои јавниот обвинител оценил дека можат да помогнат во расветлување на случајот и се очекува вешачењето по издадената Наредба за економско - финансиско вештачење, велат од Обвинителството.
 

Предметот за центрите за дијализа беше отворен на крајот на октомври минатата година по допрен глас.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега