Кривична пријава за злоупотреба на службена положба


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Б. (37), поранешен референт во Одделот за граѓански работи во Скопје.

„Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела: „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353 став 1 и „фалсификување службена исправа“ по член 361 став 1, а во врска со член 44 и 45 од КЗ.

Имено, пријавениот С.Б. во својство на овластено службено лице-референт во шест наврати ја злоупотребил службената положба и овластување и внесувал невистинити податоци во четири сообраќајни дозволи дека возилата имаат вградени клима фолии без претходно прибавена потврда за сообразност- А тест, а во две сообраќајни дозволи внел податоци дека имаат вграден ТНГ-плински уред без претходно прибавена потврда за сообразност. С.Б. веќе не работи во МВР“, соопштија од полицијата.

16.05.2022 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа