Кривична пријава против бизнисменот Палевски и уште три лица за пуштањето „бомби“ на разглас

Против бизнисменот Љупчо Палевски и уште три други лица е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено прислушување и тонско снимање“. Кривичната пријава следи откако на 4-ти април за време на изборната кампања, тие во Прилеп организираа мал собир на кој на разглас пуштија неколку нелегално прислушувани разговори. Во разговорите се појавија гласови на актуелни и пранешни функционери.

Освен против Палевски, кривичната пријава е поднесена и против 49-годишниот Г.Н. од Прилеп, 44-годишниот Т.М. од Битола и 51-годишниот Г.Т. исто така од Прилеп.

 

„На 04.04. годинава, околу 19,00 часот во Прилеп на ул. “Мице Козар“ се одржал ненајавен протестен собир организиран од страна на движењето “Бојкотирам“ од Скопје. Првопријавениот одржал говор каде во еден момент побарал од второпријавениот Г.Н. да пушти на лап топ компјутер, кој пак бил приклучен на озвучување, тонска снимка од разговор помеѓу две лица, најверојатно телефонски, за која постои основа на сомнение дека е неовластено тонски снимана.

Втората аудио снимка, од страна на првопријавениот е пуштена последователно на ист начин. Предметните тонски снимки се пуштени за преслушување за присутните учесници на собирот, како и за лицата кои по пат на интернет на социјалната мрежа “Фејбук“, во живо го следеле настанот кој бил пренесуван од второ, трето и четврто пријавените преку нивните мобилни телефони во реално време.

На 05.04. Љ.П., Г.Н. и Т.М. се задржани во ПС-ОН Прилеп. Со Наредби за претрес од Основен Суд Прилеп, кај Г.Н., Т.М. и Г.Т. извршени се претреси во нивните домови, а за првопријавениот – извршен е претрес на неговото ПМВ марка 3Цитроен Ц4 Кактус“ кое сам го донел во кругот на ПС-ОН Прилеп. Одземените предмети (нивните мобилни телефони, мемориски картички, УСБ стикови и друга електронска и компјутерска опрема) се доставени за вештачење во МВР на РМ – ОКТИВ Скопје. Истовремено, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ на МВР доствен е прилог ДВД со документирани профили на социјалната мрежа Фејсбук“, соопштија од МВР.

Кривичната пријава е поднесена од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ПС од ОН Прилеп до ОЈО Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега