Кривична пријава поради закана кон пратеници - полицијата ја гарантира безбедноста на пратениците од опозицијата

 

МВР ја гарантира безбедноста на осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои галсаа за пристапување кон уставни измени. Од Министерството за Канал 5 велат дека пратениците не побарале заштита, туку полицијата одлучула тоа да го стори по своја проценка, по многубројните закани кои се упатуваат до дел од пратениците пред се на социјалните мрежи.

„Се преземаат соодветни мерки за гарантирање на безбедноста. МВР ја гарантира безбедноста на сите граѓани и секако на пратениците“, велат од Министерството, од каде веќе поднесоа и кривична до ОЈО за 48-годишен скопјанец поради ширење говор на омраза и загрозување на сигурноста на народните избраници, преку социјалната мрежа Фејбук.

Ова е и причината поради која од утре во Собранието ќе отпочне постапката за формирање тело за помирување, што е едно од четирите барања на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставни измени, а со кое се очекува да бидат опфатени токму и дел од народните избраници кои ги поддржа уставните измени, а за кои течат судски процеси. Од Владата со став  дека силно застануваат зад политиката на помирување, но дека немаат намера да се мешаат во работата на обвинителството и судовите. Извори од владејачкото мнозинство за Канал 5 посочуваат оти суштината на ваквото собраниско тело е политичко и лично помирување помеѓу пратениците. Начините за негово формирање, можните членови и како ќе се води процесот на помирување допрва ќе бидат разгледувани. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за канл 5 пак велат оти прашањето ќе биде разгледано на Изврешн и централен комитет во текот на оваа недела.

 

 

 

 

21.10.2018 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега