Основниот кривичен суд Скопје потврди дека од страна на Основното јавно обвинителство (ОЈО) е примен предлог за определување мерка куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов. Покрај куќниот притвор, Обвинителството побарало и дополнителни мерки за обезбедување присуство.

Предлогот веднаш е распределен кај судија на претходна постапка. Сепак, пред да се донесе каква било одлука, судијата на претходна постапка доставил известување до надлежниот Судски совет.

„Се очекува одговор од Судскиот совет, по што судијата ќе продолжи со постапување“, велат од Кривичниот суд. Оваа процедура е неопходна бидејќи судиите уживаат имунитет, па за определување мерка притвор потребна е согласност од Судскиот совет.

Exit mobile version