Кривичен ја одби жалбата на кумот на Груевски - останува во притвор

Ристо Новачевски, кумот на експремиеорт Груевски, останува во притвор 30 дена, дознава Телма. Кривичниот совет ја одбил жалбата на одбраната. Според одбраната постои нееднаквост на странките. Другите се бранат од слобода додека тој е во неоправдан притвор, вели адвокатот Дуковски кој понудил и да му биде одземен пасошот на Новачевски за да излезе од притвор.

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му изрече мерка притвор во трање од 30 дена на осомничениот Новачевски, , кој се товари за сторено кривично дело перење пари со кои се купувале плацеви на Водно.

Кумашинот на Новачевски и експремиер Груевски е на слобода во Унгарија каде има статусс на азилант. Другите осомничени меѓу кои екс директорот на УБК Мијалков, бизнисменот Камчев и неговата мајка имаат мекри на претпазливост од претходно во предметот „Империја“.

Во предметот „Плацеви на Водно“ покрај Новачевски осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Јордан Камчев и неговата мајка Ратка Камчева.

 Груевски затоа што користел пари од донации на ВМРО-ДПМНЕ, над 1.300.000 евра за да го купи земјиштето на Водно од 11.000 м2. Останатите пак дека учествувале во перењето на пари преку од шор фирми во странство и ново отворени фирми во земјава. Според Дуковски, Новачевски дал изјава уште во СЈО но тогаш немал статус на осомничен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега