Најмалку две лица се убиени, а повеќе од десет се повредени во пукање во планинското село Вориза на грчкиот остров Крит. Локалните медиуми известуваат за масакр и крвава „критска вендета“ меѓу две семејства.

Селото е под силна полициска опсада додека трае акцијата за пронаоѓање на сторителите. Според грчките медиуми, на островот итно заминал и началникот на грчката полиција.

Причина за пукањето, кое траело повеќе од еден час, е наводна одмазда за експлозивен механизам поставен синоќа пред куќа во изградба.

Медиумите известуваат за хаос и паника, опишувајќи дека селото наликувало на воена зона. Повредените биле пренесувани во болници со земјоделски возила и приватни автомобили.

Критските вендети се традиционални семејни одмазди, а голем дел од жителите на Крит поседуваат оружје. Во истото село во 1955 година во слична вендета, која не е поврзана со денешната, беа убиени три лица.

Exit mobile version