Крит: Еден починат, повеќемина повредени

Едно лице го загуби животот, а деветмина се повредени во силниот земјотрес од 5,8 степени на грчкиот остров Крит.

Од Министерството за цивилна заштита на Грција, официјално соопштуваат дека „согласно информациите од надлежните органи загина едно лице“.

Според грчките медиуми безживотното тело го извлекле припадниците на специјалните сили за справување со катастрофи на противпожарната служба, од урнатините на мала црква во која се вршеле градежни работи во селото Аркалохори.

Земјотресот предизвика материјална штета на стари објекти, цркви, но и на патишта во неколку општини на Крит што се наоѓаат блиску до епицентарот, јужно од градот Ираклио, додека пак беа евакуирани училиштата и побарано од родителите да ги земат децата.

27.09.2021 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега