Кристофер од САД ја убил бремената сопруга и двете ќерки - кога ја открил причината сите во сдуницата занемеле

Откако ја убил бремената сопруга и двете деца, Кристофер Вотс од Колорадо се осуден на пет доживотни казни, а на родителите на убиената жена е должен да им плати 6 милиони долари отштета.

Родителите на убиената рудница веројатно нема да видат ниту долар од овие пари, но целта им била да го спречат Крис својата приказна да ја продаде на медиуми и да заработува на смртта на нивната ќерка и внука.

Кон крајот на ноември минатата година, 34-годишната Шенен се вратила дома од бизнис патување каде како и инаку ја дочекале сопругот и нивните две ќерки, 4-годишната ќерка Бела и 3-годишната Селесте.

Само неколку часа подоцна колешката неколку пати ја барала Шенен која не се јавувала на телефон. Загрижената колешка отишла до кучата на семејството Вотс, а бидејќи никој не отворал врата, повикала полиција, објави Дејли Меил.

Додека ја пребарувале куќата, наишле на Крис кој се трудел да изгледа вонемирено поради исчезнувањето на семејството. Во домот немало траги на насилство, а автомобилот на неговата сопруга бил во гаражата. Крис дури дал и изјава за локалните медиуми, во која моли да му се помогне во потрагата по најмилите.

Меѓутоа, само два дена подоцна, Кристофер бил уапсен и осомничен за убиство.

На полицијата прво ѝ кажал дека неговата сопруга ги убила двете ќерки, што во него предизвикало бес и ја убил неа.

Меѓутоа, полиграфот покажал дека лаже, а после тоа следувало и признавање.

Безживотните тела ги фрлил во напуштено складиште недалеку од домот во кој живееле.

Без никакви емоции на лицето, признал зошто го сторил ова злосторство, а јавноста занемела.

Со прекривач ја задушил сопругата, а после тоа и ќерките. Последните зборови на најмалите биле „Немој тато“, но не запрел.

Сетоа тоа го направил поради љубовницата, колешката од работа, во која бил многу заљубен. Иако барал развод од сопругата, таа тоа го одбивала, па тој нашол решение.

Љубовницата никогаш не го посетила во затвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2019 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега