Крематориумите во Вухан работат без престан 24 часа: Се бараат работници за да ги изнесуваат телата на починатите од нивните домови

Крематориум во Централна Кина работи по 24 часа за да може да ги кремира сите тела од починатите од коронавирусот, а распишан е и оглас за вработување на работник кој во текот на ноќта би ги изнесувал телата на починатите од нивните домови.

Еден крематориум во Вухан, центарот на епидемијата, бара 20 работници за четиричасовна смена во текот на ноќта, плата од 4.000 јуани (околу 510 евра). Патем, просечната плата во Вухан е околу 8.450 јуани (1.073 евра), пренесува Радио Слободна Азија.

Секој на возраст меѓу 16 и 50 години може да одговори на рекламата, без оглед на полот, а во огласот се наведува дека идните работници „треба да бидат храбри и да не се плашат од духови“.

РФА јавува дека повеќе од 1700 медицирари се заразени во Кина, а најмалку шест починале од корона вирусот.

Истиот извор сугерира дека наводно точниот број на жртви во Вухан е веројатно многу поголем од официјалните бројки. Имено, како што открила волонтерка во Вухан, Жонг Чанг, само еден мал крематориум (има седум или осум во градот) се кремираат повеќе од стотина тела на секои 24 часа. Чанг додала дека во креаториумите има вкупно 84 индивидуални согорувачи во Вухан, но работниците сè уште не можат да ги изгорат сите мртви.

Тајванските вести ги зедоа нејзините податоци и ги пресметаа - ако има осум крематориуми, и ако нејзините податоци се точни, тоа значи дека 1.628 луѓе умираат дневно, а 34.200 луѓе умираат за 21 ден.

Еден активист пак обвинува дека властите споро реагирале.

-Задоцнија... задоцнија бидејќи се обидуваа да ги спасат кариерите и да понесат одговорност, вели тој.

На социјалните мрежи кружи  дека поради огормното спалување на тела во Хубеј е покажано високо ниво на сулфур диоксид над Вухан и Чунгкинг, двата града кои се во центар на епидемијата.

Поради овие тврдења, кинеската канцеларија за квалитет на воздухот издаде официјална изјава преку Министерството за екологија и животна средина, негирајќи ги овие обвинувања: „По внимателно истражување, откривме дека податоците за SO2 објавени од windy.com се сериозни изобличени, и во овие статистики да не се верува “.

Тие тврдат дека концентрацијата на SO2 над двата града е помеѓу 4 и 8 μg / m3, а не 1.300 μg / m3 како што се наведува на страницата. Нивните тврдења беа поддржани од други експерти ширум светот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега