Креаторот на „Сквид гејм“ тврди: Не се збогатив - имам доволно за да ставам храна на маса

Хванг Донг Хјук, креаторот на популарната серија Squid Game, вели дека не е богат и покрај глобалниот успех на серијата.

Во интервју за британски „Гардијан“, тој рече дека, во споредба со освоените 36 милиони долари, колку што добива победникот во дистописката игра во неговата серија, тој не е богат.

„Имам доволно за да ставам храна на масата. И не е дека Нетфликс ми плаќа бонус. Нетфликс ме исплати според првичниот договор “, додаде тој.

Документите, до кои дојде „Блумберг“, покажуваат дека „Нетфликс“ проценил дека серијата може да генерира околу 900 милиони долари, иако продукцијата чинеше само 21,4 милиони долари.

„Сквид гејм“стана најгледаната серија на „Нетфликс“ по нејзината премиера во септември. Серијата следи група луѓе кои се натпреваруваат во серија смртоносни детски игри за да освојат доволно пари за да ги платат своите долгови.

„Волстрит журнал“ претходно објави дека Хванг во еден момент морал да престане да го пишува сценариото за серијата за да го продаде својот лаптоп за 675 долари. Во тоа време живеел со мајка му и баба му, и имал финансиски потешкотии.

Хванг тврди дека приказната се заснова на проблеми во светот, вклучувајќи ја и економската криза во Јужна Кореја. Меѓутоа, студијата речиси една деценија ја одбиваа приказната, која првично беше напишана како филм, бидејќи според нив концептот бил „премногу гротескен и премногу нереален“.

Според него, пандемијата ја направила неговата серија попривлечна за „Нетфликс“.

Втората сезона допрва треба да се договора, а Хванг претходно изјави дека не е премногу воодушевен од идејата бидејќи изгубил шест заби поради стресот од снимањето на првата сезона.

„Немам планови за Squid Game 2. Прилично е досадно да се размислува за тоа. Но, сигурно не би го направил тоа сам. Би размислил да користам соба за писатели и би сакал поискусни режисери,“ изјави Хванг за „Вараети“.

27.10.2021 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега