Кралскиот пар во интервју: Меган замалку не заплака, пред камерите, а Хари се жалеше од медиумите

Меган Маркл неодамна даде интервју за еден документарец во која за малку ќе заплачеше.

Како што изјави во интервјуто, периодот откако се омажи за принцот Хари и роди кралски наследник беше исклучително тешка за неа, и „никој досега не ја праша како се чувствува“.

„Благодарам што ме прашавте како сум, одамна никој не ме прашал како навистина се чувствувам“ рекла Меган на почетокот на разговорои.

Документарецот е снимен за време на престојот на кралската двоја во Африка, а водителот ја прашал дали чувствува дека нејзиниот сопруг е премног заштитнички настроен спрема неа.

"Мислам, не знам ... едноставно, кога жената е во бремена, таа е премногу емотивна. Се случува и тоа е нормална работа. Не можам да ги контролирам своите емоции, чувствувам голем притисок, особено сега кога се роди бебето". рече Меган.

На прашање дали се чувствува добро, Меган рекла „ДА“.

Во документарецот покрај Меган може да се види и Хари кој зборува за детали на кралскиот живот.

„Се што правам ме потсетува на мојата мајка. Сакам да ги следам нејзините чекори, но тоа што медиумите константно го пишуваат за мене ме вреќа 20 години назад и ме потсетува на сите ложи работи во врска со оваа рабоа и овој живот“ вели Хари.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2019 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега