„Кралицата на небото“ заминува во историјата

Последниот произведен Боинг 747 денеска беше испорачан на товарниот превозник „Атлас ер“, со што заврши една ера во историјата на авијацијата, пишува „Тајмс“.

Боингот 747, кој често се нарекува „кралица на небото“ и „џамбо џет“, беше првиот авион со широка каросерија и се користеше за превоз на патници и товар.

Се произведува од 1968 година и направи револуција во транспортот на патници со двојно зголемување на бројот на седишта на 400, во споредба со претходниот модел Боинг 707.

„ Тоа беше авионот што и дозволи на американската средна класа да лета. Пред Боинг 747, просечното американско семејство не можеше да си дозволи да лета од САД до Европа“, рече Бен Смит, шеф на Ер Франс-КЛМ.

Во текот на пет децении, Боинг изгради 1.574 авиони од моделот 747 за повеќе од 100 клиенти.

Во 2020 година, компанијата Боинг одлучи да го прекине производството на моделот 747 бидејќи конкуренцијата успеа да направи авиони со исти димензии и капацитет по пониска цена. Последната верзија на овој Боинг, 747-8, ќе лета на небото уште неколку години, пред се во товарниот сообраќај.

Моделот Боинг 777X е во фаза на работа да го замени познатиот 747, но тој нема да се појави на пазарот уште најмалку две години.

31.01.2023 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега