Кралицата има последна желба: Сака да му ја одземе тутулата за кралското семејство конечно да здивне

За здравјето на британската кралица Елизабета Втора (94) се пишува со години, а во последните месеци многу странски медиуми пишуваат дека нејзиното здравје е многу лошо.

Иако Бакингемската палата досега ги негираше сите овие наводи, магазинот Глоуб повторно пишува дека кралицата нема да живее долго, а сега ја откриле нејзината наводна последна желба.

Според изворот, скандалот што го потресе кралското семејство на крајот на минатата година, во кој нејзиниот најмил син, 60-годишниот принц Ендрју (60), бил вмешан во сексуална афера во која починатиот Џефри Епштајн е осуден како сексуален предатор, нанесе голема штета на кралскиот двор Но, сега е време споменатиот принц да плати за тоа.

Иако принцот Ендрју доброволно се откажа од своите кралски должности, исто како што тоа го направија принцот Хари и Меган Маркл, тоа не беше доволно за 94-годишната кралица, и таа сега одлучи да го разреши од неговите титули.

Според неименуван извор, последната желба на кралицата пред нејзината смрт била да му ја одземе кралската титула на нејзиниот син заради лошиот публицитет на дворот што го донел во последните неколку месеци.

„Ендрју ја изгуби својата репутација, својата кралска работа, платата и наскоро ќе ја изгуби титулата. Тој не може да го избегне соочувањето со законот. Тој ќе го добие она што го заслужи“, заклучи изворот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега