Кралицата ги изненади сите: Ноќта ја поминала во болница

95-годишната кралица се врати од приватната болница во центарот на Лондон во четвртокот попладне и е „во добро расположение”, додаде палатата.

Кралицата го откажа своето службено патување во Северна Ирска во средата, а палатата соопшти дека лекарите ѝ препорачале одмор и мирување и дека не се работи за ковид-19.

„Почитувајќи ја лекарската препорака да мирува неколку дена, кралицата во средата попладне беше на прелиминарни тестови. Таа се врати денес во замокот Виндзор за време на ручекот и е во добро расположение“, соопштија од палатата во четвртокот вечер.

Според извор близок до кралската куќа, кралицата останала во болница од практични причини, а во четвртокот попладне им се вратила на полесните обврски.

 

Деведесет и петгодишната кралица владее речиси седум децении.

Елизабета Втора како британски монарх кој е најдолговечен и кој најдолго владее, следната година треба да го прослави својот платинест јубилеј – 70 години на престолот.

22.10.2021 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега