Кралицата Елизабета тажна за искуствата на Хари и Меган - секогаш ќе бидат сакани

Британското кралско семејство денеска соопшти дека е растажено кога дознало за искуствата на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл наведувајќи дека ќе ги разгледа прашањата поврзани со расата за кои парот зборуваше во интервју со американската водителка Опра Винфри.

„Целото семејство беше тажно кога во потполност дозна колку им било тешко на Хари и Меган во последните неколку години“, објави Бакингемската палата во име на кралицата, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Прашањата иницирани по интервјуто, особено оние за бојата на кожата, се загрижувачки, се вели во соопштението, додавајќи дека иако сеќавањата за некои настани може да се разликуваат, тие тврдења ќе се сфатат многу сериозно и семејството ќе ги разгледува приватно.

„Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на семејството“, стои во соопштението на Бакингемската палата.

Во интервјуто со Опра Винфри на американската ТВ-мрежа Си-би-ес, емитувано синоќа, војвотката од Сасекс рече дека некои членови на кралското семејство прашале колку ќе биде темна кожата на нејзиниот син Арчи, со оглед на нејзиното мешано расно потекло.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.03.2021 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа